Карлос: Ако се прашувам јас, Нејмар одамна би играл за Реал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот лев бек на Реал Мадрид, Роберто Карлос откри во интервју за „Фокс Спорт Радио“ дека сака да го види Нејмар на кралскиот тим, и како разговарал со него секој ден.

Нејмар е еден од играчите кој честопати се поврзуваше со Реал Мадрид, но никогаш не играше во Мадрид.

Карлос, кој е жива легенда на Мадрид, се обиде да го убеди пред неколку години, но не успеа до ден денес.

„Да се прашував јас, Нејмар ќе беше во Реал пред многу години, но животот не е како што некој го замислува тоа“, вели Карлос.

„Овие големи играчи секогаш треба да играат за најголемите клубови во светот. Реал Мадрид е чест и привилегија за секој. Дали сакате да ја освоите Лигата на шампионите? Дојдете во Реал“.

Патем, друг Бразилец, Касемиро, неодамна зборуваше дека сака Нејмар да дојде во Мадрид. Тој со години е првотимец на Реал и има освоено бројни трофеи.

„Сакав Нејмар да дојде во Реал Мадрид. Секој ден разговарав со него. Тој е одличен играч“, изјави неодамна Касемиро за Онда Церо.

Инаку, зборувајќи за Карлос, мора да се каже дека тој и Реал имаат освоено четири Ла Лига и три ЛШ. Тој исто така беше светски првак со Бразил во текот на неговата кариера.

А, кога станува збор за Нејмар, тој се уште е во Париз, но веројатно ќе има и овој трансфер период ќе се зборува за заминување. Останува да се види дали тој ќе заврши во Реал Мадрид.