Ќе има ли „учителот“ влијание на конечната одлука на Рамос?

Пред неколку дена Серхио Рамос го напушти Реал Мадрид, па искусниот стопер во моментов бара нова екипа за која ќе настапува во следната сезона.

Овој 35-годишен фудбалер го напушти Мадрид по 16 години и досега беше поврзуван со многу европски гиганти, како и клубови од Серија А. Освен Милан, за потписот на Рамос се надеваат и во Рим.

„Калчомеркато“ објави дека Жозе Мурињо, наводно, разговарал со својот поранешен играч и го убедувал да потпише за Рома, иако се поставува прашањето дали „Волчицата“ може да му ги задоволи финансиските апетити.

ПСЖ, Манчестер јунајтед и Манчестер сити се уште некои од тимовите кои се заинтересирани за Рамос, а имаат и подобри финансиски можности за разлика од Рома, но Мурињо веќе разговарал со Шпанецот на телефон и останува да видиме дали тоа ќе биде пресудно во случајов.