„Кикер“ јавува: Венгер утре ја напушта сегашната работа и доаѓа во Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најугледните германски медиуми „Кикер“ објави дека преговорите меѓу Баерн Минхен и Арсен Венгер се во завршна фаза и дека францускиот стратег ќе го наследи  Нико Ковач на клупата.

Венгер изразил подготвеност да го води тимот на Баерн Минхен и се согласил да биде привремен тренер до крајот на оваа сезона кога клубот би требало да ангажира тренер кој ќе го води тимот подолг период.

Истиот извор додава дека славниот тренер утре ќе ја напушти Доха, каде работи затамошната телевизија „БеИН Спорт“ како стручен коментатор на натпреварите.