Клоп ги разбесни Германците: Подобро втори во Англија, отколку први во Германија


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Клоп со Ливерпул заврши на 2. позиција во Премиер лигата оваа сезона, а од шампионот Сити имаше само еден бод помалку.

Откако сезоната заврши изјави дека ова е поголем успех отколку да сте први во Германија.

„Ова не е нешто што го посакував, но не гледам овде некој да плаче. Ова ми значи повеќе отколку во сезоната во која бев шампион со Дортмунд. За да ја освоите Премиер лигата морате да бидете скоро перфектни“, изјави Клоп.

Да потсетиме, тој со Дортмунд беше два пати првак на Германија, а со Ливерпул сеуште нема освоено ниту еден трофеј.

Сепак, шанса да го поправи сево ова ќе има за три недели кога неговиот тим ќе игра против Тотенхем во финалето на Лигата на Шампионите. Натпреварот ќе се одигра во Мадрид.