Клоп купува од својот поранешен клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Офанзивниот играч за врска Кристијан Пулишиќ, амарикански Хрват роден во светската претстолнина на чоколадата во Херши, е нова желба на Јирген Клоп од германските клубови, после што во ова лето ги доведе Кариус, Манингер, Матип и Клаван.

Ливерпул понуди 11 милиони фунти, околу 13 милиони евра, за 17 годишната ѕвезда на Борусија Дортмунд.

Но, Пулишиќ би бил прв играч од поранешниот клуб на Клоп кој може да заигра за неговиот актуелен, иако во Бурисија не играше под Клоп.

Беа во клубот во исто време, со оглед дека Пулишиќ дојде во Дортмунд на почетокот на минатата година, но Борусија го доведе како 16-годишен да игра за У17 екипата, а во минатото лето требаше да премине во У19.

Меѓутоа, после што во првата полусезона постигна 10, а намести осум голови, брзо е прекумандуван во првата екипа.