Конте не замина дома после ремито во Лигата на Шампионите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Интер не може да се помири со лошата игра.

Интер имаше многу лош старт во Лигата на Шампионите.

Слаб резултат од 1:1 против прашката Славија на Меаца во првото коло од натпреварувањето е незадоволително за сите, а поготово за тренерот Конте.

Овој стручњак не е задоволен со она што го понуди неговиот тим против Славија. Многу е нервозен, а италијанскиот Tuttosport тврди дека вчера тој воопшто не заминал дома.

После тренингот тој останал во тренинг-центарот. Таму преспал, се смирувал самиот себеси, но сигурно за него тоа била долга ноќ бидејќи едноставно тој мора да ги пронајде правилните решенија за играта на својот тим.

Исто така, ниту атмосферата во тимот не е баш најдобра. Имаше доста недоразбирања во внатрешноста на тимот и набрзо ќе видиме како ќе резултира тоа понатаму во сезоната.

Во првенството Интер до сега има запишано три победи. Меѓутоа, играта е далеку од добра и со овој начин на настапување тие не можат да очекуваат да ја пораметат борбата за титулата помеѓу Јувентус и Наполи.