Леброн откри голема тајна: Не можам да заборавам… Тоа и денеска ме прогонува!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс имаше интересен коментар на прес-конференцијата за медиумите по победата на неговиот тим во првиот меч од големото финале во НБА-лигата.

Лејкерс успеаа да го победат Мајами хит со убедливи 116-98 и во моментов водат со 1-0 во финалето на најсилната кошаркарска лига.

Леброн беше неверојатен и постигна 25 поени, 13 скокови и девет асистенции, а „Кралот“ сега вели дека е фокусиран максимално на следниот натпревар, зашто не сака да се повторат некои грешки од минатото.

„Кралот“ се присети на неговото лошо искуство од 2011 година, кога во првиот меч убедливо славеше со Мајами против Далас, но потоа се опушти и нивниот ривал го освои шампионскиот прстен.

„Тоа ме прогонува и денеска. Далас на тој меч ни одржа лекција и направи пресврт. Имам искуство од тоа финале, па знам како треба да реагирам. Не сакам да ми се повтори истата грешка“, кажа Леброн.