Ливерпул си добива „засилување“: Лорис Кариус се враќа на „Енфилд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Бешикташ, Серген Јалчин потврди дека Лорис Кариус нема да продолжи во турскиот клуб по крајот на сезоната.

Тоа значи дека Кариус ќе се врати во Ливерпул, тим кој се уште  го поседува неговиот договор.

Германскиот голман и во Бешикташ имаше турбулентен период во кој имаше катастрофални грешки по кои неговиот тим примаше смешни голови.

„Во моментов играме со Кариус. Не планираме да правиме промени сега, но на крајот на сезоната тој многу веројатно нема да биде со нас“ –изјави Јалчин.