Македонија против Аргентина ќе ја бара првата победа на СП


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонските ракометари вечерва ќе се соочат против Аргентина и ќе се обидат да ја остварат првата победа на Светското првенство (СП) која треба да им обезбеди пласман во главната фаза.

Аргентина одигра два тврди натпревари кои ги загуби од Холандија и Норвешка, исто како и Македонија, па вечерва се очекува уште еден тежок натпревар.

Македонија нема друг избор освен победа бидејќи ние постигнавме 51 гол, но примивме 73, додека Аргентинците постигнаа 40, а примија 61.

Натпреварот меѓу Македонија и Аргентина се игра вечерва од 18.00 часот.