Македонија денес ќе дознае кој ќе биде нејзиниот ривал во баражот за Светското првенство

Во 13 часот, македонската фудбалска репрезентација ќе има можност да го дознае својот противник за полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Во ждрепката, Македонија е сместена во четвртиот шешир, заедно со селекциите на Шведска, Романија и Северна Ирска. Противникот ќе биде од првиот шешир.

Во првиот шешир се вклучени репрезентациите на Италија, Данска, Турција и Украина.

Полуфиналните натпревари ќе се одржат на 26 март, додека финалето е предвидено да се игра на 31 март.