Машинеријата на Ливерпул го сомле и Вест Хем

Четата на Јирген Клоп продолжува без грешка да маршира кон титулата во Премиер лигата.

Тимот на Ливерпул славеше на заостанатиот натпревар кој го одигра на гости против Вест Хем со 2:0.

Стрелци на погодоците беа Мохамед Салах кој погоди од белата точка во првиот дел и Алекс Окслејд Чемберлејн кој ја затресе мрежата на „чеканите“ на почетокот на второто полувреме.