Мик Шумахер постави рекорд во Ф1, ама – негативен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синот на седумкратниот светски шампион во Ф1, Михаел Шумахер, Мик постави лош рекорд за минатата сезона затоа што направил најмногу штета на својот болид во „најбрзиот циркус“ во светот.

Мик кој вози за Хас на болидот му направил штета од неверојатни четири милиони фунти, односно предното крило му било оштетено осум пати, предниот дел девет пати итн…

Интересно е тоа што неговиот тимски колега Никита Мазепит направил двојно помала штета од Шумахер, односно само два милиони фунти.

На второто место по штета се наоѓа Шарл Леклер од Ферари, кој направил штета на својот болид од 3,5 милиони фунти, додека актулниот светски шампион Макс Ферстапен има штета на својот болид од 3,3 милиони фунти.