„Модриќ ни порача “се гледаме наскоро“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Шпанија наскоро ќе ги одберат силите во меч од 3 коло од групната фаза од Европското првенство.

На овој дуел многу се радува фудбалерот на Реал Мадрид Лукас Васкез кој порача дека веќе разговарал со неговиот соиграч од Реал Мадрид Лука Модриќ за тој меч.

„Разговарав со Модриќ после мечот Хрватска и Турција. Ние од Реал му  ја честитавме победата. Тој рече дека е многу среќен и дека се гледаме наскоро, хахаха“, откри Васкез.

Крилниот фудбалер на Реал истотака додаде дека репрезентацијата на Шпанија цели до крајот на групата фаза да заврши на првото место.

„Нашата цел сега е да ја победиме Турција, па тогаш и Хрватска. Сакаме да ја освоиме групата. Атмосферата е одлична, полни сме со самодоверба“, додаде тој.