Молк во Мадрид: Мбапе ќе остане во ПСЖ, познати се деталите!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми објавија вести кои ја изненадија јавноста, со оглед на тоа дека претходно беше најавено дека Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе потпише за Реал Мадрид.

„Ле Паризиен“ објави вест која ги разочара навивачите на „кралскиот клуб“. Мбапе наводно планира да остане во гигантот од Париз, а за тоа ќе биде богато награден.

Идејата на Мбапе, наводно, била да остане во францускиот гигант и да потпише двегодишен договор со плата од 50 милиони евра по сезона.

Доколку се случи тоа, Мбапе ќе добие и бонус за договор од 100 милиони евра, ако реши да го потпише пред јуни.