Момчето кое ја фрли топката на Александер Арнолд е херој во Ливерпул, ќе си добие и специјална награда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На „Енфилд Роуд“ вчера сите фудбалери одиграа херојски, но на крајот беа издвоени тројца фудбалери како херои на овој натпревар.

Дивок Ориги, Џиорџино Вијналдум и Алисон Бекер беа креатори на убедливата победа на Ливерпул и пласманот во финалето од Лигата на шампионите, но на теренот постоеше уште еден херој, кој не го носеше црвениот дрес.

Станува збор за момчето кое му ја фрли топката на Арнолд за тој веднаш да го изведе корнерот по кој одбраната на Барселона беше фатена на спиење, а Дивок Ориги го постигна четвртиот погодок за Ливерпул.

Се верува дека од англискиот клуб ќе му понудат него и на неговото семејство карти за финалето на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.