Моралес се сели во Загреб: Среќен сум што ќе играм со Дибиров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот првак Загреб вчера потврди дека го ангажираат Куни Моралес од Вардар по крајот на оваа сезона, а искусниот ракометар потпиша двегодишен договор.

Моралес кажа дека е среќен поради трансферот затоа што повторно ќе игра со рускиот ракометар Тимур Дибиров.

„Среќен сум што повторно ќе ја делам соблекувалната со Дибиров, кој е врвен професионалец и личност која секогаш е подготвена да помогне“, кажа Моралес.

Во тимот на Загреб играат уште двајца екс-вардарци, а тоа се Иван Чупиќ и Стефан Додиќ.