На култниот Сан Сиро следната сезона два тима ќе играат Лига на шампиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Милан не успеа да се пласира во ЛШ, домашните мечеви во елитното натпреварување на Сан Сиро/Џузепе Меаца наредната сезона ќе ги играат два клуба.

Освен Интер, натпреварите од Лигата на шампионите на култниот милански стадион според пишувањата на Газете дело Спорт ќе ги игра и Аталанта.

Дебитантот во најсилното клупско натпреварување на светот изрази желба да ги игра домашните натпревари на Сан Сиро, бидејќи во тек се градежни активности во Бергамо и нема да се завршат според планираното време.

Милан и Интер немаат ништо против Аталанта да игра во Милано, а своја согласнот ќе даде и градската власт која инаку управува со стадионот.

Аталанта се одлучија на овој чекор откако од страна на инспекторите на УЕФА беа установени недостатоци во текот на реконструкцијата на стадинот во Бергамо.