Оваа сезона нема да се одржуваат церемонии при доделување на трофеите во Ф1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот директор на Формула 1, Рос Брон кажа дека сезонава потрките во Формула 1 нема да се одржуваат церемонии на подиумите поради пандемијата на коронавирусот, а укината е и парадата на возачите во текот на трката.

Сезоната во Формула 1 не почна на 15 март поради пандемијата на Ковид-19, туку ќе почне на 5 јули во Австрија според нови правила поради пандемијата. Трките ќе се возат без публика, а околу патеките и гаражите ќе има минимален број на луѓе.

„Поради новите процедури, мора да бидеме сигурни и безбедни во ситуацијата со коронавирусот. Некои работи од минатото едноставно не може да се извршат. Големите метежи околу стазите и во гаражите“, кажа Брон.