Парондо: Немам зборови за моите момци и за нивниот успех!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар на најдобар можен начин ја заврши сезоната, откако го освои трофејот во Лигата на шампиони по победата од 27-24 против Веспрем во Келн.

Кормиларот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо кажа дека ова е фантастичен резултат за Вардар и им се заблагодари на ракометарите.

„Турнирот во Келн е навистина фантастичен и сакам да му честитам на противникот, кој одигра одличен меч, но на крајот само еден тим можеше да биде победник. Немам зборови за моите момци и за нивниот успех“, кажа Парондо.