Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Остана уште едно коло до самиот крај, време е за калкулации.
На коло до крајот на групната фаза од ЕП имаме само една репрезентација која досега испадна (Украина) и три репрезентации кои озбезбедија пласман во наредното коло, односно во осмина финалето, а тоа се Италија, Шпанија и Франција.
Уште неколку репрезентации се многу блиску до пласман како Англија, Хрватска, Германија, Полска и Унгарија. Од друга страна, Албанците и Турците се многу блиску до елиминација, само теорија ги дели од пласман во наредниот круг, а потребно е да ги победат своите противници во последниот меч.
Во последното коло ќе донесе многу занимливости, ќе дознаме кој во кој дел од ждребот ќе биде и кој ќе се најде во најдобра ситуација.
Овој систем на натпреварувања има големи недостатоци, да речеме, првопласираните од групата А, Б, Ц и Д играат со третопласираните тимови во осмина финалето, додека првопласираните од групите Е и Ф играат со второпласираните тимови па веќе во осмина финалето можеме да гледаме дуел, на пример Хрватска и Италија.
Еве некои проекции на основа на моменталните позиции на табелата, вака треба да изгледа костурот, со напомена дека само Италијанците го обезбедија првото место во својата група и тие дефинитивно одат во десната страна на костурот:
Лева страна на костурот:
А2 Швајцарија –Ц2 Полска
Д1 Шпанија – Б/Е/Ф3 Словачка/Шведска/Исланд
Б1 Англија – А/Ц/Д3 Романија/ С.Ирска/Чешка
Ф1 Унгарија – Е2 Белгија
Десната страна на костурот:
Ц1 Германија – А/Б/Ф3 Романија/Словачка/Исланд
Е1 Италија – Д2 Хрватска
А1 Франција – Ц/Д/Е3 Северна Ирска/Чешка/Шведска
Б2 Велс – Ф2 Португалија
Значи, во групата Д е јасно дека ќе пробуваат да ги избегнат Италијанците во осмина финалето поради тоа што тие се сигурни како Е1. На Шпанците им е потребен нерешен резултат против Хрватска за да отидат во левата страна на костурот, по многумина многу послаба страна ако остане ваква ситуацијата. Хрватите ќе бркаат победа против Шпанија како да добијат многу полесен ривал во осмина финалето.
Според проектираниот жреб, вака може да изгледаат паровите во четвртфиналето:
Полска – Шпанија
Англија – Белгија
Германија – Италија
Франција – Португалија
Колку е реално вакво нешто, ќе дознаеме во наредните неколку дена кога се ќе биде решено околу пласманот во осмина финалето.