Пелистер го совлада Алкалоид и ја одбрани титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Пелистер ја одбранија титулата во македонската Суперлига, откако вечерва триумфираа против Алкалоид со 32-28 во Битола.

Алкалоид имаше предност од 3-1, но потоа Пелистер влезе во одличен ритам и на полувремето замина со 18-13.

Скопскиот тим се обиде да парира во второто полувреме и неколку пати ја намали негативата на само два погодоци, но Пелистер го издржа налетот и славеше со 32-28.

Најефикасни во победничкиот тим беа Радивојевиќ и Манасков со по шест голови, додека браќата Митеви постигнаа по шест погодоци за Алкалоид.