Пелистер поразен во Скопје: Вардар му одржа лекција на шампионот


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар триумфираа против Пелистер со 27-24 во четвртото коло од македонската Суперлига.

Вардар го диктираше темпото на натпреварот и по 20 минути стигна до предност од плус пет (11-6), додека на паузата замина со 15-11.

Битолчани во вториот дел се разбудија и намалија на само еден гол негатива (19-20), меѓутоа скопскиот гигант повторно влезе во ритам и славеше со 27-24.

Најдобар кај Вардар беше Марко Срдановиќ со осум голови, додека Филип Кузмановски постигна осум погодоци за Пелистер.