Познати цените на билетите за дербито меѓу Пелистер и Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските гиганти Пелистер и Вардар ќе се соочат на 10 февруари од 18 часот во ракометната Суперлига.

Битолчани ги соопштија цените на билетите пред дербито, па така тие ќе се продаваат по 200 и 250 денари од 5 февруари.

„Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека од понеделник (5 февруари 2024 година) во 12:00 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло на плеј-офот на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Натпреварот ќе се одигра в сабота (10 февруари 2024 година) во 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Поединечните билети по цена од 200 денари (странични места на трибините) и 250 денари (централни места на трибините) ќе се продаваат во DIMPO Тобако и преку интернет продажба – https://kartieurofarm.mk/

Сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините“, соопшти Пелистер.