Реал Мадрид ја губи битката со Барселона, а Анчелоти вели: Презадоволен сум со ремито!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид одигра 0-0 против Реал Сосиедад, иако и двете екипи имаа шанси за победа, а тренерот Карло Анчелоти вели дека е задоволен со резултатот.

„Кралевите“ беа подобар противник, меѓутоа не ги искористија своите шанси, а со новиот кикс останаа на пет бода зад лидерот Барселона во Ла Лига.

„Одигравме многу добро и заслуживме да победиме. Малку ни недостигаше да постигнеме гол. Презадоволен сум од ремито. Ова беше еден од нашите подобри натпревари. Да бидам искрен, не сакав да направам ниту измена зашто фудбалерите беа добри. Сега сме зад Барселона и мора да трчаме по нив“, кажа Анчелоти.