Реал Мадрид се откажува од Ериксен, останува ли Данецот во Премиер лигата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Сан“ тимот на Реал Мадрид ќе се откаже од ангажман на данскиот интернационалец Кристијан Ериксен.

Причина за тоа се одличните партии на младиот Федерико Валверде кој ќе добие поголема шанса во иднина.

Данскиот плејмејкер во јануари ќе може да преговара со нови тимови за продолжување на неговата кариера, па можно е тој да остане во Премиер лигата од каде има интерес од Манчестер Јунајтед.

Освен „ѓаволите“ за Ериксен има интерес и од Баерн Минхен и Јувентус, па ќе биде интересно да се види каде ќе продолжи играчот.