Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерот на Рома Василис Торосидис бара ангажман во англиската премиер лига. Триесетгодишниот грчки фудбалер пристигна во Рома на почетокот во 2013 година од Олимпијакос, а договорот со Римјаните го врзува уште една година.
“Постои интерес од Англија и од некои италијански клубови. Наскоро ќе бидам во Лондон и ќе имам некои состаноци. Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата”, изјави неговиот агент Георге Казианис за Tuttomercatoweb.
Гркот изрази желба да игра на Островот, па е за очекување дека Рома ќе го пушти да оди.