Роналдо и Лукаку избрани во најлошиот тим на ЕП (Фото)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Марка“ го состави најлошиот тим на Европското првенство (ЕП) кое вечерва ќе биде комплетирано со финалето меѓу Шпанија и Англија.

Во најлошиот тим беа избрани голем дел од фудбалерите кои се очекуваше да блеснат, но разочараа, а меѓу нив се Кристијано Роналдо, Ромелу Лукаку и Душан Влаховиќ.

Најлош голман според „Марка“ е Хрватот Ливаковиќ, покрај Ди Лоренцо и Манчини, друштво во одбраната му прават Зинченко и Кристенсен. МекГин и Собослаи се придружници на Милинковиќ Савиќ во најлошиот среден ред.