Роналдо – Ќе плачeме како и во 2004… Само се надевам дека ќе бидат солзи радосници


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Подобро е да почнеш полека, а да завршиш јако“, изјави првата ѕвезда на Португалија.

Душманите сакаа да го провоцираат дека трофеи освојува во мега-силните клубови како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а на репрезентативна сцена иако има солидни соиграчи не освои ништо. Но, после ЕП во Франција и најголемите противници на Роналдо ќе мораат да му признаат – многу е голем.

И не само поради ова финале.

„13 години играм на највисоко ниво и бројките на лажат. Со напорната работа се ми изгледа природно“, изјави Роналдо.

„Верувавме и тогаш. Подобро е да почнеш полошо, а да завршиш добро“, додаде Роналдо.

„Се надевам дека ќе се смееме и дека ќе има солзи, но солзи радосници. Тоа е сонот.“