Русин и Португалец ќе го засилат Вардар!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар почна да мисли на следната сезона и ќе има поголеми амбиции во Лигата на шампиони (ЛШ), која ја освои двапати во својата историја.

Како нови засилувања на „црвено-црните“ се најавуваат двајца ракометари, и тоа еден Португалец и еден Русин.

Жилберто Дуарте се очекува да пристигне од Монпелје затоа што му завршува договорот и нема да потпише нов, а во минатото играше уште за Порто, Висла Плоцк и Барселона.

Ново засилување на македонскиот тим треба да биде и Павел Андреев, кој доаѓа од рускиот првак Чеховски Медведи.

Вардар сака да изгради добар тим со кој ќе може да се соочи против најсилните екипи во елитното ракометно натпреварување.