Се подготвуваат уште две засилувања? Вардар гради моќен тим

Вардар започна со создавањето на екипата за наредната сезона.

Еден од новите играчи кои се наоѓаат на чекор до трансфер во „Јане Сандански“ е Никита Ваилупау, кој е 30-годишен и моментално игра за португалска Бенфика.

Јоав Лумбросо е второто име кое кружи во врска со клубот. Израелскиот бек моментално игра за Динамо Букурешт. Претходно, тој настапувал за Бенфика, Лимож и неколку други клубови низ Европа.