Швјонтек падна на допинг тест и доби суспензија од само осум дена – зашто има пријател на висока позиција?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Ига Швјонтек, е суспендирана бидејќи паднала на допинг тест. Но, иако сите очекуваа да следи тоа дека во наредните две години нема да може да се занимава со спорт, сепак нејзината суспензија е само – осумдневна.

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) на 28 ноември објави дека полската тенисерка „прифатила едномесечна суспензија во рамките на Тениската антидопинг програма“ и тоа поради позитивен тест на забранета супстанца триметазидин (ТМЗ) во примерок земен надвор од натпреварувањето, во август 2024 година.

ИТИА го прифати објаснувањето на Швјонтек дека позитивниот тест бил резултат на контаминирање со лек кој се зема без рецепт (мелатонин), произведен и продаден во Полска, кој тенисерката го земала поради долги патувања со авион и проблеми со спиењето, и дека прекршувањето не било намерно.

Швјонтек беше привремено суспендирана од 22 септември до 4 октомври, и така пропушти три турнири, што ѝ беше пресметано во санкцијата, и ѝ остана да „отслужи“ уште осум дена суспензија. Покрај тоа, треба да ја врати паричната награда од турнирот во Синсинати, кој се одржа непосредно по земањето на споменатиот примерок.

Како што известува водечкиот полски сајт, „Онет“, новинарот Едмунд Вилисон го критикуваше Витолд Банка, шефот на Светската антидопинг агенција (ВАДА), бидејќи неколкупати јавно ѝ го честиташе на Швјонтек освојувањето на ВТА титули.