Синер може мирно да спие – и да не игра во Австралија, пак ќе биде прв!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои завршниот турнир во Торино и така ја комплетира успешната сезона.

Синер во моментов се наоѓа на првата позиција на АТП-листата со речиси 4.000 бодови повеќе од Александер Зверев.

Ова значи дека Синер би останал прв на ранг-листата дури и да не настапи на Австралијан опен.

Италијанецот ќе го брани трофејот во Мелбурн, односно ќе треба да заштити 2.000 поени.