Скаути на Јувентус во неделата беа на Анфилд: Старата дама ќе тргне по ѕвездата на Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некои од најдобрите играчи на денешницата играат за Ливерпул, а тоа посебно се однесува на офанзивното трио, Садио Мане – Роберто Фирмињо и Мухамед Салах.

Ливерпул во неделата на Енфилд ги дочека Тотенхем и славеше со пресврт од 2:1 и така ја продолжи серијата на победи на домашен терен во лигашките натпревари и продолжи на 45. натпревар.

Според пишувањето на Туттоспорт на трибините на култниот англиски стадион се наоѓале и скаутите на Јувентус кои набљудувале неколку играчи.

Скаутите на Старата Дама со посебно внимание го пратеа настапот на Салах кој го постигна голот за победа на Редсите. Вистина, тоа беше од пенал.

После минатонеделниот состанок од Јувентус порачаа дека е спремен буџетот за да се доведе новата голема звезда после реалното засилување кое се случи во 2018. кога во тимот пристигнаа Кристијано Роналдо и Матијас Де Лигт кој во клубот пристигна ова лето.

Играјќи за Фиорентина и Рома, Салах веќе го докажа својот квалитет во Серија А и затоа не е ни малку чудно зошто Бјанконерите тргнаа по играчкиот картон на овој Египќанец.

Салах со Ливерпул има договор до 2023. Година и неговиот играчки картон нема да биде поефтин од 100 милиони евра.

Инаку, освен Салах, скаутите на Јувентус на Енфилд следеа и двајца играчи од Тотенхем, Ериксен и Сон.