Собра храброст и ги покажа повредите по судирот од кој едвај остана жив! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хуан Мануел Кореа ја преживеа страшната сообраќајка пред една година на патеката Спа во Белгија. Тој учествуваше во судирот во кој почина Антоан Хуберт, а Кореа заработи страшни повреди.

По една година овој возач реши да покаже како изгледале неговите нозе по судирот и навистина тоа изгледа страшно.

Дури 20 операции имаше Кореа. Една од нив траеше цели 17 часа и тој сега успешно се рехабилитира и се враќа на нормалниот живот.

„Докторите ми направија нова десна нога. Левата имаше поблаги повреди и една операција беше доволна. За жал десната нога никогаш нема да мже да се врати во нормала, но јас ќе се борам за да стиснам на гас“, кажа Кореа.