Срамно: Бивш селектор на Србија добил ќотек од својот син пред болница!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот ракометар и селектор на Србија, Веселин Вуковиќ бил нападнат и претепан од својот син пред болница за лекувње од зависност во Белград.

Српските медиуми пишуваат дека 35-годишниот Петар го нападнал својот татко, откако Вуковиќ повикал полиција и пријавил дека син му се заканува.

Вуковиќ е роден во Струга, а беше олимписки шампион со Југославија во 1984 година на Олимписките игри во Лос Анџелес.

Исто така, во период од 2010 до 2013 година беше селектор на Србија, која освои сребрен медал на Европското првенство.