Светот можеби наскоро ќе го види Шумахер: Се видов со Михаел, тој се бори!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Малку информации се познати за здравствената состојба на Михаел Шумахер, а најновата ја откри Жан Тод, поранешниот директор на Ферари.

Тод во интервју за британските медиуми откри дека неодамна го видел Шумахер.

„Го видов Михаел минатата недела. Се бори! Се надевам дека светот наскоро ќе го види. Тој и неговото семејство вложија многу труд да се случи тоа“, оптимистичен беше 74-годишниот Французизн.

Легендарниот германски возач се повреди при пад на скијање на 29 декември 2013 година, по што имаше неколку операции на главата и 254 дена минати во болница.