Светот наскоро ќе ја дознае вистината за Михаел Шумахер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот возач во Ф1, Михаел Шумахер веќе седум години се крие од јавноста по несреќата на скијање, а на барање на семејството лекувањето се извршува во тајност.

Никој не знае повеќе детали за неговата здравствена состојба освен најблиските и во јавност не се појавуваат никакви информации.

Меѓутоа, најавен е документарен филм „Шумахер“, кој треба да даде одговор на прашањата и да се открие целата мистерија за здравјето на возачот.

Притоа за првпат ќе се видат снимки од Шумахер по несреќата. Во филмот, чија промоција претходно беше откажана поради пандемијата на ковид-19, ќе се појави и неговата сопруга, брат, ќерка и син, кој исто така вози во Ф1.