Нова верзија – УЕФА е виновна за хрватските бакли?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Префектурата на Сент Етјен ја обвини денеска еврпската фудбалска унија (УЕФА) за наредите на навивачите во текот на натпреварот Хрватска и Чешка на ЕП во Франција.

Во префектурата на Сент Етјен сметаат дека УЕФА на стадионот „Жофроа Фишар“ за натпреварот Хрватска и Чешка одигран во петокот (2:2), во рамките на стадионот требаше да додаде меѓу 150 и 200 редари со цел на вистински начин да го обезбедат мечот.

Хрватските навивачи во 86 минута го прекинаа натпреварот при водство на својот тим од 2:1. Тие запалија и фрлија бакли во теренот, поради што натпреварот беше прекинат на неколку минути, а потоа меѓусебно се тепаа. Полицијата мораше да интервенира на трибините, а навивачите се смирија после апелот на своите фудбалери.

Хрватски навивач кој внесол бакли на стадионот е уапсен и во следната недела ќе се појави пред суд.

УЕФА започна дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Хрватска поради инцидентот.