УЕФА призна дека Германија била оштетена против Шпанија на ЕП 2024


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Шпанија стана европски шампион по одличните настапи на Европското првенство (ЕП), но натпреварот против Германија е главна тема и три месеци по турнирот.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) призна дека судиите направиле голема грешка и не доделиле пенал за Германија по ударот на Џамал Мусиала кој заврши во раката на шпанскиот дефанзивец Марк Кукуреља.

„Контактот со рака на топка што го запира ударот кон голот треба да биде построго казнет, односно треба да се досуди пенал. Тоа не е така само ако раката на дефанзивецот е блиску до телото“, соопшти УЕФА.