Вардар е во топ-10 фаворити за освојување на ракометната ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ЕХФ ја објави листата со клубови кои се фаворити за трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ), па Вардар дозна дека е во топ-10 екипи според рангирањето.

„Црвено-црните“ се наоѓаат на осмо место и од ЕХФ сметаат дека ги чека долга и тешка работа за да дојдат до трофејот.

Вардар летово го напуштија десет ракометари, а дури девет нови пристигнаа, па тоа значи дека актуелниот шампион ќе тргне од самиот почеток.

Зад Вардар на листата се Нант на Кире Лазаров на деветтото место и Мешков Брест на 10. позиција.

Во првите четири екипи, кои се најголеми фаворити, се ПСЖ, Кил, Барселона и Веспрем е на првото место.