Вардар го суреди Нексе за втора победа во СЕХА-лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар славеше во СЕХА-лигата против Нексе со 27-26 во неизвесен финиш, во кој гостите од Хрватска се обидоа да освојат барем бод.

„Црвено-црните“ играа добро во првите 30 минути и стигнаа до 15-12 на паузата, но проблемите пристигнаа во второто полувреме, односно во 45. минута.

Нападот не функционираше како што треба, па Нексе често израмнуваше. Сепак, на крајот Вардар успеа да слави со 27-26.

Борко Ристовски имаше седум интервенции, а кај стрелците се истакнаа Чупиќ и Талески со по шест голови во редовите на Вардар.