Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ги почнат СЕХА-предизвиците на 10 октомври


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонските претставници во регионалното натпреварување СЕХА-лига, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ја почнат сезоната на 10 октомври.

Иако стартот најпрво беше закажан за 12 септември, сепак поради ковид-19 мораше да се одложат натпреварите, па тоа значи натпреварувањето ќе почне еден месец подоцна.

Сезонава ќе има две групи во СЕХА-лигата, а Вардар ќе игра против Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе, додека Еурофарм Пелистер ќе се соочи против Веспрем, ППД Загреб, Металопластика и Мешков Брест.