Вардар ќе добие додавка на неговото име!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Михајло Михајловски ќе го преземе Вардар од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, а планира да направи тим кој ќе има големи амбиции во новата сезона, како што е и борба за трофејот во Лигата на шампиони.

Михајловски во изјава за телевизија „Телма“ кажа дека клубот ќе добие додавка во името, па ќе се нарекува Вардар 1961.

„Го преземаме клубот од Самсоненко и сме во завршна фаза, по што следи регистрација на новиот субјект и тој ќе добие придавка, а тоа е Вардар 1961. Имаме цел да изградиме моќен тим, кој ќе има квалитет за Ф4 во Лигата на шампиони“, кажа Михајловски.

Многу имиња се поврзуваат со преселба во европскиот првак, а во следниот период ќе дознаеме кои ракометари ќе го засилат тимот на „црвено-црните“.