Вардар нема да биде носител во Суперлигата


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пелистер стана македонски шампион во ракометната Суперлига, додека на второто место заврши Алкалоид, а третото место му припадна на Вардар.

Сите го чекаат почетокот на сезоната 2023/24, која ќе се игра по истиот систем на натпреварување со 16 екипи. Во првиот дел ќе се поделат тимовите во две групи по осум тимови.

Најдобрите четири по 14 одиграни кола ќе играат за титулата, а останатите осум ќе се борат за опстанок во елитата.

Носители во ждрепката ќе бидат Пелистер и Алкалоид, кои не може да се сретнат во првата фаза, а тоа значи дека Вардар и Тиквеш ќе се најдат во група со една од двете екипи и постои голема шанса „црвено-црните“ да бидат во иста група со актуелниот првак.