Вардар пред шест години за првпат ја покори Европа (Видео)

Македонскиот ракометен гигант Вардар пред шест години го освои првиот европски пехар, откако во финалето на Лигата на шампиони славеше против ПСЖ со 24-23.

Голманот Штербик беше одличен на натпреварот, а Дибиров постигна дури шест голови во победата на „црвено-црните“, додека херој беше Чупиќ кој го постигна последниот гол на дуелот.