Вардар сака триумф во реваншот против Кјелце!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот шампион и актуелен европски освојвач на круната, Вардар денеска во Лигата на шампиони ќе игра на гостински терен кај Кјелце.

Вардар ќе се обиде да му се реваншира на лидерот во групата за поразот од минатата недела на домашен терен од 29-33.

Марко Вујин, бекот на Вардар, пред мечот порача дека верува во победа на неговиот тим и се надева дека овој пат ќе имаат повеќе среќа.

„Кјелце е моќен противник. Во моментов домашниот терен не носи никаква предност затоа што нема навивачи. Знаеме каде грешевме на претходниот меч, се надеваме дека тоа ќе го поправиме и ќе победиме овој пат. Тие се одличен тим, но ние одиме на победа“, кажа Вујин.