Вардар се засили со Гојковиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот европски и македонски ракометен шампион Вардар денеска потпиша договор со српскиот интернационалец Немања Гојковиќ кој доаѓа од редовите на израелски Бнеи Херцлија.

Гојковиќ претходно играл и за Металопластика, Слога Пожега, германски Ашерслебен, Пролетен Зрењанин и Младост Чачак.

„Голема чест и обврска е да се игра за Вардар. Кога пристигна покана воопшто не се двоумев да дојдам тука. Убеден сум дека ќе му помогнам на тимот да освојува титули. Верувам дека ќе успееме во нашите задачи“, кажа Гојковиќ.