Вардар загуби од Нексе и непотребно си ги искомплицира работите во СЕХА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар загуби на гостувањето кај Нексе со 32-36 и тоа е втор пораз за македонската екипа, која дополнително си ги искомплицира работите во СЕХА-лигата.

Нексе го отвори одлично натпреварот со серија од 5-0, но потоа Вардар се врати и на полувреме замина со негатива од 14-15.

Ривалот на Вардар играше добро и во вториот дел, а тоа го покажа во 47. минута кога поведе со 28-23.

Вардар имаше проблеми да го најде патот до мрежата на Нексе, затоа што нивниот голман Морено Цар запиша 16 одбрани, додека Борко Ристовски имаше девет интервенции.

Најефикасен кај Вардар беше Тимур Дибиров со девет гола, додека Кевиќ и Јагањац постигнаа по осум кај Нексе.