Вардар загуби од Пелистер во Битола


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Пелистер беа подобри од Вардар со 27-21 во првото коло од плејофот на Суперлигата.

Пелистер и Вардар играа израмнет ракомет во првите 30 минути, а на полувремето резултатот беше 10-10.

Битолчани беа многу подобри од „црвено-црните“ во вториот дел и во 47. минута стигнаа до водство од 19-14, а тоа беше исчекор кон победата во дербито.

Вардар до крајот на средбата не успеа да се врати во игра бидејќи грешеше во нападот, а воедно на голот на Пелистер блесна Лесјак.

Најдобар во редовите на Пелистер беше Кузмановски со осум голови, додека Николиќ постигна пет за Вардар.