Вардар загуби во пенал-рулетот и остана без Ф4-турнир во СЕХА


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Драматичен меч одиграа Вардар и Нексе во четвртфиналето на СЕХА-лигата со тоа што гостинскиот тим по пенали избори Ф4-турнир, откако во регуларниот дел резултатот беше (28-28).

Нексе одлично го почна мечот во Скопје и доминираше во текот на првото полувреме, иако Вардар блескаше од време на време, но сепак гостите заминаа на паузата со 15-12.

Во вториот дел Вардар се врати во игра и успеа да направи целосен пресврт (28-27), по што Нексе на 30 секунди до крајот стигна до израмнување. Талески имаше шанса да погоди за победа, но сепак голманот на гостите одбрани и го однесе мечот во продолженија.